Поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде призна каков пристап ќе заземе при избор на следниот клуб, во кој ќе работи.
Шпанецот беше разрешен во јануари и го замени Кике Сетиен.
За 2 ипол години, Валверде ги доведе Каталонците до две титули во шпанската лига.
„Ме прашуваат: Што мислите за Премиер лигата? Јас велам: Всушност, би ја претпочитал Австралија. Фудбалската кариера не трае вечно, а понекогаш размислувате да ја искористите можноста да живеете на непознати места“, рече 56-годишниот ментор.