Валтер: Не сме најподготвени за Европа, Архус е добар ривал

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер утре во Битола ќе го има европското деби оваа сезона, а ривал ќе биде осмопласираниот тим од данското првенство, Архус.

Тренерот Ларс Валтер вели дека тоа ќе биде огромен испит за битолчани, кои не играа најдобро на дуелот против Пролет.

„Ако го гледавте натпреварот против Пролет, не сме баш спремни за Европа, затоа што игравме екстремно лошо. По десет дена без шест репрезентативци малку нарушен ни е ритамот, па затоа работиме денес и утре да се поправиме. Веќе денес тоа изгледа подобро и наша цел во вторник е победа. Гледав многу натпревари на Архус оваа сезона. Не знам дали имаат проблеми, затоа што загубија многу натпревари со еден-два разлика. Во Данска секој од шеснаесетте екипи во Првата лига може секого да победи. Можеби имаат премалку бодови, но тие се добра екипа. Играа многу брзо и мора да бидеме подготвени“, вели тренерот Ларс Валтер.

57-годишниот дански стратег се надева дека атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ ќе биде пеколна и ќе им даде крилја на неговите ракометари.

Би можело да ве интересира

Шпанецот Раул Алонсо нов тренер на Еурофарм Пелистер

А1он

Еурофарм Пелистер првпат славеше во ракометната ЛШ

А1он

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Еурофарм Пелистер без Ојлески и без Атанасијевиќ на дуелот против Мотор

Данецот Кисум нов ракометар на Еурофарм Пелистер