Валенсија во финалето на Кралскиот Куп по 11 години

Од:

Валенсија се пласираше во финалето на Кралскиот Куп и ќе игра против Барселона, откако го елиминираше Бетис во вториот полуфинален натпревар.

„Лилјаците“ победија дома со 1:0, што беше доволно за да се квалификуваат во мечот за трофејот по ремито 2:2 во Севиља.

Родриго Морено го истакна решавачкиот гол во 56-тата минута.

Тимот од Севиља имаше доста шанси кои сепак ги пропуштија, а на крајот побараа пенал, кој исто така не го добија. Голамнот на домаќинот Хауме Доменек, исто така, одигр многу силен дуел.

Во годината во која слави 100 годинипостоње, Валенсија ќе може да освои трофеј. За „лилјаците“ ова е 17-то финале во турнирот, откако имаат 7 трофеи. За последен пат тие триумфираа во 2008 и оттогаш не играле финале.

Битката за Купот е на 25-ти мај на „Бенито Виљамарин“ во Севиља.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски

Шумскиот пожар во Валенсија активен пет дена, ангажирани 35 противпожарни авиони

А1он

Меси израмни рекорд на Пеле, Барселона не славеше против Валенсија

Валенсија може да му се приклучи на Руни во Ди Си Јунајтед

Валенсија контра Мурињо: Не е точно дека не играм поради повреда

Наум Локоски