Валенсија поведе против Уникаха во финалето на Еврокупот

Од:

Кошаркарите на Валенсија го добија првиот меч против Уникаха во финалето на второто по квалитет европско клупско кошаркарско натпреварување – Еврокупот.

Првата шпанска финална пресметка одиграна синоќа во Валенсија им припадна на домашните кошаркари кои славеа победа во неизвесен меч со 68:62.

Црногорецот Бојан Дубљевиќ со учинок од 14 поени и 8 скока беше најзаслужниот играч за оваа победа на Валенсија во чии редови двоцифрен број на поени постигна и Хоан Састре кој средбата ја заврши со 13 поени.
Во редовите на Уникаха единствен двоцифрен со 11 поени беше Џеф Брукс.

Следниот меч од финалната серија на програмата е веќе в петок кога домаќин е Уникаха, дуел кој се игра со почеток од 21 часот.

Финалето се игра во два добиени натпревари, па евентуалната „мајсторка“ односно трет дуел е закажан за 5 април во Валенсија.

Би можело да ве интересира

Мечевите од еврокуповите во Скопје ќе се играат со 30 отсто публика на „Тоше Проески“

Жарко Настоски

Еврокуп најави одложување на три натпревари од 6. коло

Ана Ололовска

Познати сите учесници во Еврокупот

Ана Ололовска

Карпош Соколи ги доби противниците во Еврокупот

Ана Ололовска

Уникаха го освои Еврокупот

Наум Локоски

Валенсија и Уникаха во дуел за трофејот во Еврокупот

Наум Локоски