Екипите на Валенсија и Хапоел Ерусалим ќе се борат за место во финалето на второто по квалитет клупско кошаркарско натпреварување Еврокупот.
Откако во првите два полуфинални натпревари тимовите ја искористија предноста на домашниот терен, вечерва шпанската Валенсија ќе ја има поддршката од публиката во решавачкиот трет меч односно мајсторката.
Дуелот ќе започне од 20:45 часот, а победникот ќе биде противник на Уникаха во финалето.
Потсетување дека Уникаха ги доби двата полуфинални натпревари против рускиот тим Локомотив Кубан.