Селекцијата на Холандија го освои третото место на Светското првенство и по низата неуспеси конечно ја прекина лошата традиција и со победа завршува настап на еден Мундијал. Досега „лалињата“ последниот натпревар (за нив) го завршуваа со наведнати глави бидејќи имаа три порази во финалните натпревари (1974, 1978, 2010 година) и пораз во „малото финале“ (1998 година).
На Мундијалот во Бразил со триумфот над домаќинот од 3:0 со победа ќе се вратат во својата држава.
– Сакавме Мундијалот да го завршиме на најдобар можен начин и мислам дека успеавме. Се боревме многу на ова натпреварување – задоволен од учинокот изјави стрелецот на третиот гол на дуелот со Бразил, Џорџино Вајналдум.
Репрезентацијата на Холандија на Мундијалот постигна пет победи и имаше два нерешени резултати и притоа во полуфиналето на пенали загуби од Аргентина. За одбележување е и високата победа на стартот во групата над против светскиот првак Шпанија со 5:1.