Селекторот на фудбалската репрезентација на Алжир, Вахид Халилхоџиќ на еден месец пред стартот на Мундијалот во Бразил го соопшти поширокиот список од 30 играчи.
Во списокот на босанскиот стручњак има дури дваесет и двајца фудбалери кои настапуваат низ Европа.
Најзвучни имиња се одбр5амбениот играч на шпанската Мајорка, Лијазин Кадамуро, соиграчот на Горан Пандев од Наполи, Фаузи Гулам, потоа Софијан Фегули од Валенсија и напаѓачот на Порто Набил Гилас.
Поширокиот список на Алжир е:
Голмани: Раис Мболхи (ЦСКА Софија), Азедине Дука (УСМ Ел Харач), Седрик Си Мохамед (ЦС Константине), Мохамед Ламине Земамуш (УСМ Алжир)
Одбрана: Ешаид Белкалем (Вотфорд), Маџид Бугера (Ал Леквија), Лијазин Кадамуро (Мајорка), Фаузи Гулам (Наполи), Рафик Халиче (Академика Коимбра), Насередин Куалед (УСМ Алжир), Ајша Манди (Ремс), Карл Меџани (Валенсијен), Џамел Месбах (Ливорно), Мехди Мостефа (Ајачио)
Средина терена: Набил Бенталеб (Тотенхем), Ријад Будебуз (Бастија), Јасин Брахими (Гранада), Абделмумен Џабу (Клуб Африкен), Софијан Фегули (Валенсија), Адлен Гуедиура (Кристал Палас), Фуед Кадир (Рен), Амир Каруи (Ентенте Сетиф), Мехди Лацен (Гетафе), Ријад Махрез (Лестер), Сафир Таидер (Интер Милан), Хасан Јебда (Удинезе)
Напад: Рафик Џебур (Нотингем Форест), Ел Араби Судани (Динамо Загреб), Набил Гилас (Порто), Ислам Слимани (Спортинг Лисабон).