Лидерот на табелата, тимот на Манчестер Јунајтед и шампионот Манчестер Сити со победи ја започнаа 2013 година и останаа на истата бодовна разлика на врвот на табелата и по натпреварите од 21.коло.
Првопласираниот во Премиер лигата Манчестер Јунајтед со убедливи 4:0 победи на гостувањето кај Виган, додека Манчестер Сити на домашен терен го совлада Стоук со 3:0.
На другите денешни натпревари од 21.коло во Англиското фудбалско првенство постигнати се следниве резултати: ВБА – Фулам 1:2, Тотенхем – Рединг 3:1, Вест Хем – Норвич 2:1 и Свонси – Астон Вила 2:2.
Вечерва играат Саутемптон – Арсенал.
Утре на програмата се натпреварите: Челзи – Квинс Парк Ренџерс, Ливерпул – Сандерленд и Њукасл – Евертон.
Табела: Манчестер Јунајтед 52 бодови, Манчестер Сити 45, Тотенхем 39, Челзи 38 (-2 натпревара), Арсенал 33 (-2), Евертон 33 (-1), ВБА 33,…