Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се израмни со Ненад Зимоњиќ по бројот на победи во дресот на Србија на Дејвис купот.
Претходниот рекорд го држеше легендата на светските двојки Ненад Зимоњиќ со 43 победи. Новак во петокот стигна и до 43 победи над Алеханд Давидович Фокин.
Ѓоковиќ сега има скор од 43-13 во репрезентацијата, додека Зимоњиќ, некогаш најдобриот дубл играч на светот, постигна рекорд од 43-30.
Новак веќе можеше да го достигне рекордот против Чешка, но беше одлучено Ѓоковиќ да одмори, за да стигне до нов триумф во Малага на завршниот турнир во четвртфиналето.