Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва го доживеаја петтиот пораз во низа во регионалната АБА лига. Аеродромци загубија во Цеље од Тајфун со 68:62, што за нив е осми неуспех оваа сезона. Клучна за победата на словенечкиот тим беше предноста остварена во третиот период(18:10).
Марко Луковиќ со 12 поени, Душко Буниќ и Дреновац со по 10 поени беа најпрецизни кај МЗТ.
На другите два завршени натпревара од 12.коло: Мега Лекс – Крка 84:77, Олимпија – Металац 76:62.
Останатите двојки од овој круг се: Цедевита – Партизан, Будуќност – Сутјеска, Игокеа – Задар и Црвена звезда – Цибона.
Табела: Будуќност 9-2(победи-порази), Мега 9-3, Црвена звезда 8-3, Цедевита 8-3, Задар 6-5, Крка 6-6, Олимпија 5-7, Тајфун 5-7, Игокеа 5-6, МЗТ Скопје 4-8, Металац 4-8, Цибона 4-7, Партизан 4-7, Сутјеска 3-8.