Втор олимпиец се повлече од Игрите во Токио пред борбата со Израелецот Тохар Бутбул, седморангираниот џудист во светот во категоријата до 73 килограми.
Како што објавија организаторите на Игрите, Суданецот Мухамед Абдалрасул, кој е 469 рангиран во светот во истата категорија, не се појави пред дуелот против Бутбул во рамки на шеснаесеттинафиналето, иако суданскиот тим претходно го пријавил својот олимпиец на задолжителното мерење.
Светската џудо федерација и Олимпискиот тим на Судан не ги соопштија причините за откажуваето на Абдулрасул.
Претходно алжирскиот џудист Фети Нурин одби да се бори против Суданецот Абдулрасул во борба во која победникот во следното коло за противник ќе го имаше Бутбул. Нурин доби суспензија за учество на Олимписките игри.