Уште десет дена пријавување за „Скопје Трча 10К“

Од:

Остауваат уште десет дена за пријавување за третата по ред трка „Skopje Run 10K“ која ќе се одржи во недела на 6 октомври 2019 година, со почеток во 9 часот. Сите заинтересирани треба да се пријават на http://www.skopje.run или www.smartrace.club.

Орагнизаторите на агендата ставија две трки: На 10 км и штафетна трка 2 х 5 км каде двајца тркачи трчаат по 5 км и каде секој штафетен тим треба да има уникатно име, а тимовите можат да бидат мешани, машки и женски.

Стартните пакети ќе се подигаат на 4 и 5 октомври на во кугланата во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. На 4 октомври (петок) подигањето на стартните пакети ќе биде од 12 до 18 часот, а на 5 октомври (сабота) од 10 до 18 часот. Потребно е да покажете документ за идентификација при подигање на стартниот пакет, соопштија од тимот на Виз Ер Скопски маратон, кој заедно со Сојуз на спортови на Скопје се организатори на настанот.

Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Ивановски и Поп Арсова победници на „Халк Еко Скопје Трча 10км“

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта