Усаин Болт: Слушам само за допинг

Од:

Најбрзиот човек на планетава, Усаин Болт, изрази незадоволство и жалење дека пред почетокот на Светското првенство во атлетика кое ќе се одржи во Пекинг се зборува само за допингот.

Светската атлетска федерација (ИААФ) се наѓа под силен притисок и лавина од критики заради големите допинг афери во кои, според некои медиуми, се замешани и победници на големи натпреварувања, а до тие успеси стигнале под дејство на недозволени стимулативни средства.

Сето ова, според Болт е многу загрижувачко бидејќи спортот ја губи вистинската вредност.

– Тоа сега е во преден план. Последниве недели слушам само за една работа: допинг, допинг, допинг… Главната тема е допингот што е многу жално, вели спринтерот.

Светскиот рекордер го застапува ставот дека атлетиката треба да остане „чиста“, а спортистите треба да се борат и да докажат дека големи резултати се постигнуваат и без стимуланси.

– Јас пред се трчам за себе. Одговорност е наша, наи треба да се погрижиме за својот спорт и да докажеме дека може да се постигнат големи резултати и без лажна сила, додава Болт.

– Тренирав напорно за да бидам добро подготвен и лесно да ги одбранам титулите. Сите знаат дека ова првенство за мене е најважно со оглед на тоа дека сезонава немав најдобри резултати, истакнува рекордерот на 100 и 200 метри.

Претстојното СП се одржува на олимпискиот стадион „Птичјо гнездо“ на кое Болт блесна со своите резултати на ОИ во 2008.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта