Напаѓачот на премиерлигашот Тотенхем Герет Бејл во неделата добил смртни закани, пренесуваат британските медиуми.
„Дејли мејл“тврди дека анонимен навивач му се заканувал на Бејл поради неговата јавно искажана желба за трансфер во Реал Мадрид.
Раководството на Тотенхем по добиените сознанија за смртните закани упатени кон Бејл превземало мерки за зголема безбедност на фудбалерите, а случајот е пријавен и во полиција која започнала истрага.
Велшкиот интернационалец и покрај понудата од својот клуб за зголемена плата и други бонуси, одлучи да побара раскин на договорот и преселба на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Шпанците на Тотенхем за Бејл му понудија рекордни 80 милиони фунти.