Уникаха и Валенсија на чекор до финалето во кошаркарскиот Еврокуп

Од:

Шпанските екипи Уникаха и Валенсија ги дели само една победа од пласман во финалето на второто по квалитет европско клупско кошаркарско натпреварување – Еврокупот.

Двете шпански екипи забележаа победа во првите полуфинални натпревари одиграни синоќа.

На гостувањето во Русија кошаркарите на Уникаха ја совладаа екипата на Локомотив Кубан со 73:57, додека Валенсија пред својата публика беше подобра од Хапоел Ерусалим со 83:68.

Полуфиналната серија се игра во два добиени натпревара.

Реваншите на програмата се на 17 март, додека евентуалните мајсторки ќе се играат на 22 март.

Би можело да ве интересира

Мечевите од еврокуповите во Скопје ќе се играат со 30 отсто публика на „Тоше Проески“

Жарко Настоски

Еврокуп најави одложување на три натпревари од 6. коло

Ана Ололовска

Познати сите учесници во Еврокупот

Ана Ололовска

Карпош Соколи ги доби противниците во Еврокупот

Ана Ололовска

Уникаха го освои Еврокупот

Наум Локоски

Валенсија и Уникаха во дуел за трофејот во Еврокупот

Наум Локоски