Неколкумина непознати лица насилно влегле во просториите на Формула 1 тимот „Ред Бул“ во фабриката во Милтон Кинс северно од Лондон и ги украле сите трофеи освоени изминатиот период, кога на патеките доминираше Себастијан Фетел.
Од „Ред Бул“ изразија надеж дека вредните трофеи ќе бидат најдени од страна на полицијата.
– Тоа се шеесетина уникатни парчиња и не верувам дека крадците било каде ќе ги продадат. Опасност претставува само можноста пехарите да се претопат поради добрата цена на среброто од кои се направени, изјавија од „Ред Бул“.
Крадците со возило ги пробиле вратите од просторијата во која се наоѓале трофеите и во многу кус период ги украле сите. Чуварите во моментот на кражбата се наоѓале во друг дел од фабриката и останале неповредени.