УЕФА го казни загребски Динамо поради однесувањето на навивачите

Од:

УЕФА го казни загребски Динамо со затворање на северната трибина на натпреварот против Спартак од Трнава и со вкупна парична казна од 63.000 евра поради однесувањето на хрватските навивачи на натпревариот во Брисел против Андерлех во Лига Европа.

Динамо е казнет заради употреба на пиротехника на стадионот, за фрлање на тврди предмети на теренот, за тепачка меѓу навивачите, како и за истакнувањето на усташки симболи, кои УЕФА ги третира како расистички испад.

– Казната за расизам изнесува 50.000 евра, за пиротехника 5.000, а за фрлање на тврди предмети уште 8.000 евра, сопшти Динамо.

УЕФА против Динамо покрена уште една истага за натпреварот од 20 септември против Фенербахче во Загреб, која се уште не е завршена.

Би можело да ве интересира

Чеферин реизбран за претседател на УЕФА

Тетвец е казнет бидејќи ја навредил екс-амбасадорката на САД во Македонија

Белорусите пристигнаа во Србија на квалификацискиот меч, а УЕФА планира да ги исклучи

Предраг Петровиќ

УЕФА исфрли 11 клуба од Европа, четири од Балканот

УЕФА одговорна за инцидентите во финалето на ЛШ во Париз

Дали ЕУ ќе ја „убие“ Европската суперлига?