Кадри Акташ, главниот осомничен за убиството на навивачот на Црвена Ѕвезда, Марко Ивковиќ призна дека го убил со ножот, но не сака да го прифати обвинението, пренесуваат тирските медиуми.
-Ножот несвесно го понесов со мене. Со камења одговоривме на нивните провокации. Доживеав шок зашто бев удрен со рака или нога во носот, па почнав да се бранам со ножот во правец на нивните нозе, не сакав да убијам никого, само сакав да ги избркам. Високо момче со светла коса ме удри повторно, но јас замавнав кон момче кое поинаку изгледаше. Не ги прифаќам обвиненијата, рече 53-годишниот Акташ, а пренесува турскиот портал taraf.com.
Против него е покренато обвинение и ќе остане во притвор се до почетокот на судењето, а уапсен е при обидот да избега од Истанбул.
Освен него, турската полиција приведе уште шестмина, кои се сега пуштени на слобода, но не е исклучено против некој од нив да биде покренато обвинение.
За да се расветли трагедијата во која животот го изгуби 25-годишниот Марко Ивковиќ од Земун, турската полиција прегледа 731 час видео материјал од 82 камери.