Убедлив триумф на Манчестер Сити против ВБА

Од:

Екипата на Манчестер Сити оствари убедлив триумф во рамките на 1. коло од Премиер лигата.

„Граѓаните“ синоќа на гостувањето го победија тимот на ВБА со 3:0. Гостите поведоа во првиот дел со двата гола на Јаја Туре во 9. и во 24. минута, додека конечните 3:0 ги постави капитенот Винсет Компани во 59. минута.

Со победата од 3:0, Манчестер Сити ја предводи групата од седум екипи кои имаат по три бодови, но Сити има најдобра гол разлика.

Резултати на другите натпревари од 1. коло: Арсенал – Вест Хем 0:2, Њукасл – Саутемптон 2:2, Стоук – Ливерпул 0:1, Манчестер Јунајтед – Тотенхем 1:0, Бурнемонт – Астон Вила 0:1, Евертон – Вотфорд 2:2, Лестер – Сандерленд 4:2, Норвич – Кристал Палас 1:3 и Челзи – Свонси 2:2.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска