Екипата на Блокотехна од Гевгелија со победа го започна својот деби настап во регионалната Балканска лига (БИБЛ).
Кошаркарите на Блокотехна попладнево пред својата публика славеа убедлива победа над албанската екипа Тирана со 100:68 по четвртини 24-16, 30-20, 30-9 и 16-23.
Најефикасен во гевгелиската елипа беше двејн Бенџамин со 25 поени додека Горан Главчев постигна 21.
Ова беше вториот меч кој се одигра денеска во јубилејната 10-та сезона во БИБЛ. Во првиот црногорскиот тим Ибар од Розаје, Загуби од бугарскиот Академик Бултекс (Пловдив) со 83:94.
Вториот македонски претставник и минатогодишен финалист во ова натпреварување, Куманово утре гостува во Софија кај тимот на Левски.
Последниот меч од првото коло меѓу Башкими (Призрен, Косово) и Рилски спортис (Самоков, Бугарија) е закажан за 7 декември.