У19: Македонија поразена од Унгарија

Од:

Репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години денеска доживеа пораз од Унгарија со 3:4 (2:2) во вториот меч од елитните квалификации на УЕФА.

По овој пораз, „црвено-жолтите“ ги загубија сите шанси за пласман на ЕП за младинци.

Унгарците поведоа со голот на Мочи уште во 4-тата минута, а избраниците на Вујадин Станојковиќ израмнија со голот на Колевски во 12-тата минута.

Унгарија повторно дојде до водство во 36-тата минута со голот на Шон, но Митровски израмни со погодок во судиското продолжение.

Македонија дојде до водство во 64-тата минута со вториот гол на Колевски. Унгарците израмнија од пенал во 67-та минута преку Листјик, а целосниот пресврт дојде во 82-та минута кога Беварди го оформи конечниот резултат.

Македонските репрезентативци до крајот не реализираа уште неколку одлични шанси.

По ова коло, Англија е прва во нашата група со 6 бода, Летонија и Унгарија имаат по 3, а Македонија е без бод.

Во последното коло во вторник, Македонија игра со Англија на тренинг-центарот „Петар Милошевски“, а Летонија и Унгарија ќе играат на „Филип Втори“.

Мечевите почнуваат во 14 часот.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска