Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години вечерва во вториот натпревар од квалификацискиот турнир за пласман во Елитната фаза за Европското првенство загуби од домаќинот Естонија со 5-0 (4-0).
Македонските фудбалерки беа во подредена улога на теренот и за 90 минути не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол.
Победникот на натпреварот одигран во Талин беше одлучен веќе по првото полувреме, кое домаќинките го решија во своја корист со 4-0 со головите на Таркмел (12), Лилеметс (12), Салеи (45) и Орлова (45+1). Конечниот резултат го постави Салеи со својот втор гол на натпреварот во 78 минута.
По поразот од Украина од 3-0 во воведниот натпревар, македонската кадетска репрезентација евроквалификациите ги завршува в недела против Молдавија.