Екипата на Турново во својот дебитантски настап на евро-сцената на драматичен начин преку изведување пенали со вкупни 7:6 се пласираа во 2.коло од квалификациите за Лига Европа, каде за противник ќе го имаат Хајдук од Сплит.
Основните 90.минути и двете продолженија од по 15 минути завршија нерешено 2:2 исто како и на првиот дуел во Литванија.
Судува прва дојде во водство преку Неријус Валскис во 43.минута и со предност замина на полувремето.во
Вториот дел започна како што посакуваше домаќинот. По само три минути Иљо Митров изедначи на 1:1, но во 52.минута Томас Раџиневициус повторно му донесе водство на литванскиот тим. Турново за продолжение се избори со гол од пенал постигнат во 90+7 минута, стрелец беше Дејан Блажевси.
Попладнево во реваншите од 1.коло во квалификациите за Лига Европа со ист резултат 1:0 на гостински терен загубија и елиминирани се другите две македонски екипи. Тетекс од Пјуник (Ерменија), а Металург од Карабах (Азербејџан).