Турново нов лидер на табелата во македонскиот фудбалски шампионат

Од:

Екипата на Турново попладнево со 4:0 ја победи Дрита и изби на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

Напредок на табелата забележа и Металург кој со 3:0 на свој терен славеше против Силекс за искачување на второто место. Третиот денешен дуел од 25.коло заврши нерешено. Работнички пред своите навивачи одигра 1:1 со Брегалница.

Лидерот до овој круг екипата на Вардар синоќа во Скопје загуби од Пелистер со 0:1, а на другите две вчерашни средби, Напредок – Тетекс 0:0 и Шкендија – Ренова 1:1. Табела: Турново 47 бодови, Металург 47, Вардар 46, Напредок 37, Работнички 37, Шкендија 36, Ренова 35, Брегалница 30, Пелистер 29, Дрита 27, Тетекс 20 и Силекс 19.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска