Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Хоризонт Турново попладнево во првиот дуел од 29.коло, на свој терен одигра само 1:1 со Шкендија им даде можност на фудбалерите на Вардар со евентуална победа вечерва (20 часот) против Ренова да го преземат врвот.
Со голот на Зоран Балдовалиев во 70.минута домаќините дојдоа во водство, но една минута подоцна гостите од Тетово изедначија преку Елмедин Реџепи.
Вардар од 20 часот на „Филип Втори“ ќе игра против екипата на Ренова.
Двојки за утрешните средби од 29.круг: Брегалница – Тетекс, Металург – Напредок, Пелистер – Силекс и Работнички – Дрита.
Табела: Хоризонт Турново 57 бодови, Вардар 55, Металург 52, Шкендија 44, Работнички 43, Ренова 38, Брегалница 37, Напредок 37, Пелистер 30, Дрита 30, Тетекс 21 и Силекс 19.
Фото: мкд.мк