Македонскиот претставник во 2. коло од квалификациите од Лига Европа, екипата на Хоризонт Турново вечера гостува во Сплит против Хајдук.
По успешниот настап во 1. коло нашиот претставник ја има улогата на „аутсајдер“ против популарните „сплитски били“.
Натпреварот се игра на стадионот „Пољуд“ пред празни трибини, бидејќи хрватскиот тим е казнет и мора натпреварот да го игра без присусто на публика.
Во Хајдук иако немаат многу информации за македонскиот тим очекуваат победа и по можност да обезбедат предност за мирен реванш.
Во редовите на Хоризонт Турново се подготвени да одиграат уште еден добар натпревар, како на гостувањето во Литванија против Судува.
Почетокот на натпреварот е во 20 часот и 30 минути.