Турново го победи Вардар

Од:

Попладнево беа одиграни натпреварите од 4.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Дербито во Турново му припадна на домаќинот Хоризонт кој со 2:0 го победи шампионот Вардар.
Брегалница со 3:0 го победи Пелистер, иако штипјани од 11-минута играа без исклучениот Ступиќ кој заработи црвен картон.

Предноста на домашниот терен ја искористи и Ренова која со 2:1 му го нанесе четвртиот пораз на составот на Македонија Ѓ.П.

Работнички иако губеше со 0:2 од Еуромилк, сепак на крајот „романтичарите„ извлекоа нерешен резултат играјќи 2:2.

Без голови завршија натпреварите: Металург – Напредок и Гостивар – Шкендија.
Табела: Хоризонт Турново 10 бодови, Брегалница 10, Пелистер 7, Металург 6, Вардар 5, Еуромилк 5, Ренова 5, Работнички 5, Гостивар 4, Шкендија 3, Напредок 2 и Македонија Ѓ.П. 0.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска