Турново домаќин на Металург во дербито на колото

Од:

Дерби натпреварот од 31. коло во Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра во Турново каде истоимената домашна екипа ќе го пречека Металург. Ова ќе биде дуел на второ и трето пласираните на табелата.

Во Скопје ќе бидат одиграни два натпревара. Лидерот Вардар е домаќин на Напредок, додека Работнички за противник ќе ја има екипата на Силекс.

Дрита е домаќин на Тетекс во Боговиње, а во Штип кај Брегалница ќе гостува Шкендија. Последната двојка од оваа рунда во ПМФЛ е Пелистер – Ренова.

Почетокот на сите натпревари е во терминот од 16 часот и 30 минути.

Табела: Вардар 61 бод, Хоризонт Турново 60, Металург 56, Работнички 47, Шкендија 44, Ренова 41, Брегалница 40, Напредок 37, Дрита 33, Пелистер 31, Силекс 22 и Тетекс 22.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска