Дерби натпреварот од 31. коло во Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра во Турново каде истоимената домашна екипа ќе го пречека Металург. Ова ќе биде дуел на второ и трето пласираните на табелата.
Во Скопје ќе бидат одиграни два натпревара. Лидерот Вардар е домаќин на Напредок, додека Работнички за противник ќе ја има екипата на Силекс.
Дрита е домаќин на Тетекс во Боговиње, а во Штип кај Брегалница ќе гостува Шкендија. Последната двојка од оваа рунда во ПМФЛ е Пелистер – Ренова.
Почетокот на сите натпревари е во терминот од 16 часот и 30 минути.
Табела: Вардар 61 бод, Хоризонт Турново 60, Металург 56, Работнички 47, Шкендија 44, Ренова 41, Брегалница 40, Напредок 37, Дрита 33, Пелистер 31, Силекс 22 и Тетекс 22.