Турската атлетска федерација соопшти дека поради допинг суспендирала 31 атлетичар на две години.
Помеѓу суспендираните е и олимпискиот вицешампион во фрлање кладиво од 2004 година, Ешреф Апак.
Од ТАФ нагласија дека уште го истражуваат случајот за допинг на актуелната олимписка шампионка на 1.500 метри, Асли Чакир Алптекин.
Најмалку три лица кои што учестуваат во Лондон на минатогодишните ОИ се суспендирани.
Елена Георгиевска