Еден од најголемите фаворити на 101-то издание на престижната трка околу Фрнација, Шпанецот Алберто Контадор доживеа пад на 10-та етапа и тоа на нагорнина, а по не цели 20 километри возење само застана и мораше да се откаже.
Популарниот Ел Пистолеро неколку минути изгуби во врзување, па подоцна и додека возеше, амбулантното возило беше до него, сепак не можеа да му помогнат.
На стартот трката остана и без актуелниот освојувач Крис Фрум а сега и без двојниот освојувач, Контадор, а ова е голема шанса за Винченцо Нибали да стигне до победата.