Тур д Франс: Хронометарот за феноменалниот Вигинс

Од:

19-та етапа, долга 53,5 км возена на хронометар и дефинитивно го даде новиот херој на легендарниот Тур. Во извонреден ритам победи Британецот Бредли Вигинс од тимот на Скај, за кого ова беше втора етапна победа на годинашниот Тур д Франс.

Второпласиран беше Крис Фрум, тимскиот колега на Вигинс, а трет заврши Луис Леон Санчез од тимот Рабобанк.

Во пресрет на утрешната последна парадна етапа на Елисејските полиња во Париз, остана само официјалната промоција на новиот победник, првиот Британец на кого му успеа да ја освои најпрестижната велосипедска трка на светот, величенствениот Бредли Вигинс.

 

 

Би можело да ве интересира

Загина познат велосипедист – го прегази камион на тренинг

Предраг Петровиќ

Крадци им ги украле велосипедите на светски велосипедски ѕвезди

Горан Наумовски

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски