Во 18-та етапа возена од Блањак до Брив ла Гајард, спринтерите го решаваа победникот на денешниот Тур. Во извонреден финиш победи Британецот Марк Кевендиш од тимот на Скај, пред второпласираниот Мет Гос од Орика Гринеџ и третиот Петер Саган од Ликвигас. Победата на Кевендиш е 22 етапна победа на Тур д Франс откако тој учествува на оваа престижна трка.
Во генерален пласман Бредли Вигинс ја задржа жолтата маица и предноста пред тимскиот колега Крис Фрум и Италијанскиот велосипедист од тимот Ликвигас, Винченцо Нибали.
Во сабота се вози 19 етапа, хронометар во должина од 53,5 км.