Германскиот стратег Томас Тухел доби од Челси откако лондонскиот тим загуби со 1:0 од Динамо Загреб на „Максимир“ во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Ако му е за утеха, тој ќе добие огромна отштета поради предвремениот прекин на договорот.
Тухел ќе добие 17,5 милиони евра обештетување. Вкупните трошоци за Челси се повеќе од 20 милиони евра, бидејќи си заминува и целиот стручен штаб на Тухел.
Како главен кандидат за негов наследник се споменува менаџерот на Брајтон, Грем Потер, а медиумите на Островот шпекулираат и со Маурисио Покетино, па дури и со Зинедин Зидан.
Германскиот стратег пристигна во Челси во јануари минатата година и изненадувачки ја освои Лигата на шампионите во првата сезона. На 100 натпревари на клупата на Челси оствари 60 победи.
Извор: Топспорт