Тухел: Одиме на сите можни трофеи сезонава

Од:

Ден откако со комбиниран состав избори пласман во осминафиналето на англискиот Лига куп, тренерот на актуелниот европски првак Челзи, Томас Тухел, најави денеска дека неговата екипа нема да тактизира во ниту едно натпреварување оваа сезона.

– Премиер лигата или Лигата на шампиони не се прво место на табелата. Ние во овој клуб сакаме да создадеме менталитет на победници на секој натпревар. Тоа мора да биде нашaтa ДНК, изјави Тухел.

– Освоените трофеи од минатата сезона не влијаат на тоа што сакаме да го освоиме во оваа сезона. Ние сакаме да освоиме сè што е можно, да бидеме компетитивни во секој поглед и на секој натпревар. Излегуваме на теренот за да победуваме. Во националните купови сакаме да одиме до самиот крај до „Вембли“. Нема тактизирање, порача германскиот стратег на клупата на Челзи.

Лондонскиот премиерлигаш во осминафиналето на Лигата купот ќе игра на домашен терен против Саутемптон

Би можело да ве интересира

Тухел ќе добие фантастична отштета за отказот од Челси

Тухел: Премиер-лигата не ги штити играчите

Тухел: Многу кандидати за титулата во Лигата на шампиони

А1он

Тухел се надева на скоро враќање на Кавани