Тројца напаѓачи за Белгија

Од:

Селекторот Јаневски ги советуваше играчите дека со брз гол може да го промени текот на натпреварот. Ако се искористи отворената игра на противникот може да се постигне гол од контра.

„Македонија ќе продолжи да игра офанзивно, тоа е намерата на целиот стручен штаб, сакаме да одиме на победа против секој противник на секој меч. Имаме самодоверба, трите победи по ред ни го кренаа моралот, но не сакам да се крене еуфорија како пред Хрватска, кога дојдовме во Скопје по две добро одиграни партии“ – изјави Јаневски на официјалната прес-конференција за мечот.

Македонија сигурно ќе започне со тројца напаѓачи, односно петтмина офанзивни играчи. Според тоа по крилата ќе дејствуваат Иван Тричковски по левата и Агим Ибраими по левата крилна позиција, најистурен ќе биде Адис Јаховиќ, а веднаш зад него ќе биде капитенот Пандев.

„Белгија игра различен фудбал на домашен терен и на гости. Кога не играат пред своите навивачи, тие се претпазливи, не се залетуваат. Нивниот селектор Марк Вилмотс ќе се труди да не нè потценат“ – заклучи Јаневски.

Можен состав: Пачовски, Тодоровски, Грнчаров, Новевски, Лазевски, Хасани, Демири, Ибраими, Пандев, Тричковски, Јаховиќ.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска