„Трофејот Илинден 2015“ на велосипедската трка која традиционално се оддржува седма година по ред по повод одбележувањето на Денот на Општина Илинден, „Илинден 2-ри Август“, му припадна на гостинот од Србија, Марко Даниловиќ.
Трката во должина од 100 километри се возеше низ населените места во општината а стартот и целта на трката која што се возеше во четири круга од по 25 километри низ населените Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино беше пред Спортската сала „Гоце Делчев“.
Во организација на Општина Илинден, со поддршка на Велосипедската федерација на Македонија и велосипедскиот клуб „Водно“, во оваа трка која што има меѓународен карактер учествуваа 80 велосипедисти од земјата и од странство. Трката е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја.