„Трипл-даблот“ на Вестбрук без ефект

Од:

Играчот на Оклахома Сити, Расел Вестбрук оствари „трипл-дабл“ на ноќешниот дуел против Феникс, но без ефект бидејќи неговата екипа Оклахома Сити загуби по продолжение со 117:113.

Вестбрук постигна 39 поени, а имаше и 14 скокови и 11 асистенции и ова за него беше 12-ти „трипл-дабл“ во кариерата. Најдобар поединец кај Феникс беше Ерик Бледсо, кој беше на чекор до „трипл-дабл“ со 28 поени, 13 скокови и 9 асистенции.

Вториот натпревар одигран ноќеска мина во знакот на Леброн Џејмс, кој постигна 42 поена во победата на Кливленд над најдобриот тим во лигата Голден Стејт со 110:99. Ова за Кливленд беше 18-та победа на последните 20 натпревари.

Пласман Источна конференција: Атланта 45-12 (победи-порази), Торонто 37-20, Кливленд 37-22, Чикаго 36-22, Вашингтон 33-25, Мајами 25-31, Бруклин 23-32,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 44-11, Мемфис 41-15, Хјустон 39-18, Портланд 37-19, Далас 39-21, ЛА Клиперс 37-21, Сан Антонио 34-23, Оклахома Сити 32-26,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите