„Трипл – дабл“ за Рубио и нов пораз за Голден Стејт

Од:

Играчот на Минесота Рики Рубио на ноќешниот натпревар со ЛА Клиперс постигна „трипл – дабл“, но без ефект бидејќи неговата екипа загуби од ЛА Клиперс со 110:105.

Рубио постигна 18 поени, со 12 скока и 11 асистенции. Во редовите на победникот Крис Пол беше најефикасен со 26 поени и 14 асистенции.

Пораз од 110:108 претрпе на гостувањето кај Бруклин и најдобриот тим во лигата Голден Стејт. Натпреварот го реши Џаред Џек, кој постигна кош на 1.1 секунда до крајот и тоа за него беше вкпно 9.ти поен.

За Голден Стејт ова е 12.ти пораз сезонава, па сега повторно Атланта е тимот со најдобар биланс (47-12).

Резултати на другите НБА натпревари одиграни ноќеска: Филаделфија – Торонто 103:114, Мајами – Феникс 115:98, Далас – Њу Орлеанс 102:93.

Пласман Источна конференција: Атланта 47-12 (победи-порази), Торонто 38-22, Чикаго 37-23, Кливленд 37-24, Вашингтон 34-26, Милвоки 32-27, Мајами 26-33, Бруклин 25-33,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 46-12, Мемфис 42-16, Хјустон 41-18, Портланд 39-19, ЛА Клиперс 40-21, Далас 40-22, Сан Антонио 36-23, Оклахома Сити 33-27,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите