Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди е најдобар стрелец во фудбалското првенство на Англија во сезоната 2019/20 година.
На 33-годишна возраст Англичанец има постигнато 23 гола во тековната сезона со што Варди стана најстариот најдобар стрелец во Премиер лигата.
По Варди во оваа статистичка категорија следуваат: Дидие Дрогба (32 години), Димитар Бербатов (30) и Николас Анелка (30).