Тричковски и Мојсов поразени во кипарското дерби

Од:

Омонија го совлада АЕК Ларнака со 3:2 во дербито на кипарското фудбалско првенство, а тоа беше меч на кој играа двајца македонски интернационалци.

Даниел Мојсов и Иван Тричковски го одиграа целиот меч за АЕК, но не може да бидат задоволни, бидејќи тимот загуби и притоа одбраната со Мојсов на чело прими три гола, а Тричковски не беше стрелец на гол. Мојсов доби и жолт картон.

Омонија е на првото место на табелата со 31 бод, цели 12 повеќе од АЕК Ларнака. Тимот на Мојсов и Тричковски до пред еден месец се бореше за врвот, во последните пет кола има дури четири порази, и го загуби чекорот со водечките.

Би можело да ве интересира

Тричковски со два нови гола за АЕК Ларнака, двата од пенал

Ана Ололовска

Нов гол на Тричковски во кипарската лига

Ана Ололовска

Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака

Тричковски избран за најдобар фудбалер во Кипар