Три тимови од Премиер лигата го сакаат Велбек

Од:

Напаѓачот на Арсенал, Дани Велбек ќе го напушти тимот по крајот на сезоната, бидејќи договорот со лондонскиот тим истекува и нема да биде обновен. По вчерашното реми против Брајтон (1:1), англискиот репрезентативец, кој во моментов е повреден, излезе на теренот за да добие аплауз од навивачите на „топџиите“.

– Зборувавме со клубот за неговата иднина и одлуката беше да си замине, рече менаџерот Унаи Емери.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед пристигна во северен Лондон за 16 милиони фунти во 2014 година и помина пет сезони во тимот, во кои успеа да постигне 25 гола во Премиер лигата.

Честите повреди, сепак, го спречија тој да биде постојано во тимот, а сега во конкуренција на напаѓачи како Пјер-Емерик Обамејанг и Александар Лаказет, тој се повеќе и повеќе мораше да останува на клупата.

Според британскиот печат, Евертон, Њукасл и Вест Хем се клубови кои се заинтересирани за неговите услуги.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во третото коло од Премиер лигата

Јунајтед донесе играч за врска од Мали

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига