Три медали за македонските атлетичари во Добрич

Од:

Македонските атлетичари освоија три медали на меѓународниот митинг во сала одржан во Добрич, Бугарија. Сребрени медали освоија Ристе Пандев (трка 60 метри) и Славчо Мирчевски (скок во далечина), додека Јованче Јанковски освои бронза (скок во височина).

Пандев во финалето постигна време од 7 секунди, додека во квалификациите имаше резултат 7.18 секунди. Мирчевски имаше скок со должина од 6.47 метри, а Јанковски во височина прескокна 180 сантиметри.

Покрај оваа тројка атлетичари, настапија уште: Валбона Селими, Славе Коевски, Мартина Мироска и Ѓорѓи Кузмановски.

Атлетската федерација на Македонија на 14 февруари во Куманово (во Соколана) ќе одржи изборен натпревар за претстојното Балканско првенство во сала што ќе се одржи на 21 февруари 2015 година во Истанбул, Турција. Натпреварите ќе се одржат во 10 дисциплини во двете конкуренции (мажи и жени). 

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди