Три македонски екипи со настап во квалификациите од Лига Европа

Од:

Три претставници од Македонија денеска ќе ги одиграат реваншите од првото квалификациско коло во фудбалската Лига Европа.

Екипата на Турново која има најповолен резултат по првиот дуел одигран на гостински терен, денеска од 17 часот и 30 минути на „Филип Втори“ во Скопје ќе ја пречека Судува. На првиот натпревар во Литванија резултатот беше нерешен 2:2.

Со нерешен резултат од Скопје, на гости кај Пјуник во Ерменија отпатува Тетекс. Тетовчани на првиот дуел одиграа без победник 1:1. Почетокот на средбата Пјуник – Тетекс е во 17 часот.

Третиот македонски тим кој ќе се обиде да се пласира во следното квалификациско коло е Металург. „Металурзите“ на домашен терен загубија со 1:0, па попладне од 18 часот на теренот на Карабах (Азербејџан) ќе имаат императив победа.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска