Трета победа за МЗТ Скопје Аеродорм во АБА лигата

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја постигнаа третата победа во АБА лигата откако вечерва во рамките на 10. коло го совладаа ФМП со 89:68. Резултат по четвртини: 26:14; 23:18; 22:18 и 18:18.

Во текот на целиот натпревар македонскиот првак беше во водство кое го обезбеди добивајќи ја првата четвртина со двоцифрена предност. Разликата постојано се зголемуваше, а највисоката беше во 39. минута (89:62).

Најефикасен на дуелот беше Ѓорѓе Дреновац со 24 поени, а Марко Симоновски постигна 15 поени (пет тројки). Екипата на МЗТ Скопје успеа да реализира вкупно 14 тројки.

Вториот македонски претставник во АБА лигата тимот на Карпош Соколи во ова коло игра против првакот на натпреварувањето Црвена Звезда. Овој натпревар се игра во 18 часот во понеделник.

Другите дуели од оваа рунда се играат во деновите од викендот: Мега – Морнар, Задар – Партизан, Крка – Игокеа (сабота), Будуќност – Олимпија и Цедевита – Цибона (недела).

Табела: Црвена Звезда 18 бодови, Будуќност 17, Цедевита 15, Цибона 15, Партизан 15, Игокеа 13, Крка 13, Задар 13, МЗТ Скопје А. 13,ФМП 12, Мега 12, Олимпија 11, Морнар 11, Карпош Соколи 10.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он