Трета победа за Луис Хамилтон сезонава

Од:

Британецот Луис Хамилтон ја оствари третата победа сезонава во Формула 1 шампионатот.
Возачот на Мерцедес, Хамилтон, беше најдобар на патеката Шакир, каде се возеше трката за Големата награда на Бахреин, четврта оваа сезона.

За актуелниот светски шампион Хамилтон ова беше вкупно 36-та победа во кариерата.
За место на пиедесталот покрај Британецот се избори и возачот на Ферари, Кими Раиконен, кој заврши како втор, пред вториот возач на Мерцедес, Нико Росберг.

Во генералниот поредок со 93 освоени бодови, води актуелниот шампион Луис Хамилтон, пред клупскиот колега Нико Розберг, кој има 55, а Себастијан Фетел сега е трет со 51 бод.

Водечката петорка ја комплетираат Кими Раиконен со 42 и Филипе Маса со 31 бод.

Следната трка во Формула 1 првенството ќе се вози на 10 мај на патеката во Барселона за Големата награда на Шпанија.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он