Тур де Франс продолжува денеска со третата и последна етапа на Корзика, со 145.5 километри низ прекрасниот западен брег на медитеранскиот остров, од Ајачо до Калви, исто толку ридеста како претходната етапа.
Жолтата маичка ја носи белгискиот велосипедист на Радио Шек Леопард тимот, Јан Бакеланц кој вчера ја остави зад себе главната група за импресивна победа на втората етапа на Тур де Франс.
Тој беше еден од од шесте велосипедисти кои се одвоија во финишот на ридестата 154 километри долга етапа од Бастија до Ајачо на Корзика, а откако главната група реши да влезе во напад, тој се одвои на еден километар пред финишот и со последните атоми заврши како прв пред Словакот Петер Саган.