Кошаркарите на Тренто како гости славеа победа над Стразбур со 74:68, синоќа во првиот дуел од полуфиналната пресметка во Еврокупот и се на чекор до пласман во големото финале.
Италијанскиот тим победата ја најави уште во првата четвртина која ја доби со 31:16. Во вториот период имаше и 20 поени разлика. Французите до крајот на првото полувреме намалија на три негатива, но не успеаја да направат целосен пресврт.
Реваншот е закажан за 6 април во Италија.
Вечерва од 19 часот во Истанбул, својата прва полуфинална пресметка ќе ја имаат екипите на Галатасарај и шпанската Гран Канарија.