Шансите на Хабиб Нурмагомедов да излезе на боксерскиот ринг против Флојд Мејветер се зголемува. Ова го сподели еден од тренерите на борецот од Дагестан, Хавиер Мендеш.
Четириесет и едно-годишниот Мејведер се откажа официјално од боксот минатата година, кога го порази во десеттата рунда Конор Мекгрегор во бокс натпревар. Американскиот борец сепак се врати во рингот и го нокаутира јапонскиот кикбоксер Теншин Насукава на крајот на 2018-та година.
Претходно пак и менаџерот на Хабиб – Али Абдулазиз се довери дека Мејведер се согласил оваа борба да се одржи и да се водат преговори. Тоа е она што доведе до изјавата на Мендес, кој зборуваше пред англиските медиуми.
– Борба со Флојд е можна, многу е можна. Јас нема да бидам изненаден ако се случи наскоро. Не можеме да се бориме со најголемиот боксер на сите времиња со правилата на УФЦ, бидејќи ќе ги прекршиме правилата и ќе не дисквалификуваат. Верувајте дека ако се случи таков натпревар, Хабиб ќе излезе и ќе се бори до крај. Знам дека можеме да го направиме тоа. има некои разговори, но на кое ниво стигнаа – немам идеја, рече Мендеш.
Оваа недела пак 30-годишниот Хабиб Нурмагомедов исто така изрази интерес кон боксерски натпревар со Флојд Мејведер, верувајќи дека има физичка предност пред американскиот боксер.
– Тој е веќе стар. Знам дека ќе биде многу тешко за мене, но ќе се борам како млад лав против него. Колку е стар? 41 или 42 … Тој е големо име во спортот, а ако можеме да се соочиме против него, зошто да не? Многу луѓе не знаат дека возраста во овие спортови е многу важна. Тие мислат: „О, тоа е Флојд, тој ќе победи“ или „Конор е тука и тој ќе победи“. Тие не разбираат како се чувствуваш, кога си внатре. Ова ќе е неверојатен натпревар од секој можен аспект – за мојата иднина, за афирмацијата, за парите, за навивачите, за сите, сподели пак Хабиб Нурмагомедов.