Тренерот на германскиот олимписки тим во велосипедизам вратен дома поради расизам

Од:

Спортскиот директор на Германската велосипедска федерација (БДР), Патрик Мостер, е вратен дома од Олимписките игри во Токио поради расистички коментари, објави денеска Олимпискиот комитет на Германија.

Мостер за време на друмската трка во машка конкуренција беше снимен додека му делеше расистички навреди на германскиот велосипедист Никиас Арндт, кој заостануваше на патеката зад Алжирецот Азедин Лагаба и Анануел Гебригзабиер од Еритреја.

– Улови ги возачите, камило, улови ги возачите, камило, беа зборовите со кои германскиот тренер го „бодреше“ својот натпреварувач, а подоцна се извини, образложувајќи дека бил со „зовриена глава“.

– Водството на тимот на Олимписките игри одлучи дека Мостер не може да продолжи да ја извршува својата должност како раководител на велосипедскиот тим и ќе биде вратен дома, соопшти Германскиот олимписки комитет.

Спортскиот коментатор на германската телевизија АРД, Флоријан Нас, остана запрепастен од коментарот на Мосер, нарекувајќи го „целосно погрешен“.

– За такво нешто нема место во спортот“, посочи Нас.

Би можело да ве интересира

Јапонија постави рекорд во освоени златни медали на Олимпијадите

Ана Ололовска

Ѓоковиќ остана без финале во сингл на Игрите во Токио

Ана Ололовска

САД останаа без медал за прв пат од враќањето на тенисот на Олимпијадите

Ана Ололовска

Хачанов прв финалист на тенискиот олимписки турнир

Ана Ололовска

ОИ: Максимални четири победи за ракометарите на Франција

Ана Ололовска

Кина и Јапонија прво според медалите по шестиот ден на Олимпијадата

Жарко Настоски